Централниот настан од 23. коло во шпанската Примера, кој е на програмата викендов, без никаков сомнеж ќе биде 232. Мадрелињо. Ќе биде интересно да се види како Карло Анчелоти ги подготвува своите играчи за дербито бидејќи само пет дена претходно (во вторникот) Кралскиот клуб одигра многу тежок и важен натпревар на „Енфилд“ против Ливерпул, во рамки на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Мадриѓаните славеа со огромни 5-2, откако претходно губеа со 0-2, а по ваквото емотивно празнење потребно е време тимот да се врати на врвно ниво.