Со уште 22 играчи во Катар, кои играат за осум клуба, шпанската Примера е најзастапената лига меѓу полуфиналистите на Светското првенство. Шпанското првенство на тој начин ја „скокна“ англиската Премиер лига која во претходната фаза имаше 62 играчи, но таа бројка падна на само 15 по елиминациите на Англија, Бразил и Португалија.