Финалистот на Купот на Кралот, Валенсија на Хозе Бордалас, непријатно ги изненади своите навивачи во дуелот од 32. коло на Примера, и на својата „Местаља“ загуби од Осасуна со 1-2 (0-0). Овој пораз е сериозен удар за амбициите на „лилјаците“, кои ако не го освојат Купот на Шпанија, нема да играат во Европа следната сезона.