Натпреварот меѓу Хајдук и Вараждин во рамки од 30. коло од шампионатот на Хрватска (ХНЛ) донесе очекуваната победа на домашните од 2-0, но и еден велемајсторски погодок.
Фудбалерите на Динамо Загреб најверојатно без својот капитен Аријан Адеми ќе му се спротистават на Вараждин во рамки од дербито на колото во хрватскиот фудбалски шампионат.
Игор Ангеловски, доскорешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, се врати во клупскиот фудбал во Хрватска каде дебитира на столчето на НК Горица, но со пораз од Вараждин (1-2).
Очигледно фудбалерите на Хајдук ја сфатија пораката по европскиот дебакл и нанижаа две победи во шампионатот на Хрватска. Со Буриќ на клупата „белите“ славеа на теренот во Вараждин со 0-3 (0-0).
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не настапи во стартната победа на Ријека во хрватскиот фудбалски шампионат. На „Рујевица“ падна Вараждин со 2-1, а двата гола за победничката екипа ги постигна Роберт Муриќ.