Билбао е клучен фактор во борбата за титулата, односно пласманот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, што е и клупска цел на Баскијците. Откако Примера продолжи, по тримесечна пауза поради пандемијата на коронавирусот, Баскијците одиграа против Атлетико Мадрид (1:1), Барселона (минимален пораз на „Камп Ноу“) и против Валенсија по враќањето на фудбалот во Шпанија. А по Реал, ќе ја пречекаат Севиља. Избраниците на Гаиска Гаритано се во солидна форма, така што „кралевите“ нема да имаат лесна задача, но свесни се дека триумф на „Сан Мамеш“ ќе ја отвори вратата на нивната 34-та титула, прва по три сушни години.