Од 1980 до 1984 година, центрите на шпанскиот фудбал не бea ниту Мадрид ниту Барселона, туку Баскија. Во тој период, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао ги поделија четирите титули во Примера на еднакви делови и тоа првите две ги освоија „сино-белите“ од Сан Себастијан, а потоа нивниот најголем ривал, со тоа што „црвено-белите“ во втората шампионска сезона на „Сан Мамеш“ го донесоа и Купот на кралот.