Како што треба, во финалето на 119. издание на Купот на Кралот, ќе се сретнат клубовите кои имаат најголем успех во натпреварувањето под покровителство на шпанскиот владетел. Барселона е апсолутен рекордер според бројот на освоени трофеи (30), и според настапите во завршната претстава (42), додека Билбао има седум медали помалку, но, како и Реал Мадрид, за пехарот се бореше 39 пати.