Погледoт на табелата во Примера во пресрет на единаесетто, вонредно коло, кое се играше во текот на неделата, беше празник за очите на навивачите на Сосиедад. „Чири-Урдин“ ги гледаше конкурентите од челната позиција, во екот на последните подготовки за големото дерби со соседите од Билбао, кои можат да бидат задоволни и од моменталната позиција, со оглед на тоа што ниту водечките не заостануваат премногу. Значи, постојат сите услови за спектакл, вклучително и еден од најважните - публиката - која по долго време ќе може да ја окупира „Аноета“.