Фудбалерите на Барселона и трет натпревар во низа постигнаа четири погодоци. Овојпат жртва на „Камп Ноу“ беше Атлетик Билбао (4-0), во рамките на 26. коло на Примера. Методите на Чави Хернандез и засилувањата кои ги доби веројатно се добитната комбинација, па по Валенсија и Наполи, а нешто претходно и Атлетико Мадрид, настрада и Атлетик Билбао.