По десет одиграни натпревари на домашен терен, Барселона конечно ѝ го нанесе првиот пораз на екипата на Атлетик Билбао во сезоната. Вечерва, момците на Луис Енрике и покрај отсуството на Меси и Суарез, беа поуспешни од баскискиот тим, победувајќи го со 2-1 (2-0), во рамките од четвртфиналето на Купот на Кралот.