Во главна улога на голманите, дербито на колото во Примера меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад заврши без голови (0-0). Особено расположен беше чуварот на мрежата на гостите од Сан Себастијан, Алекс Ремиро, кој забележа седум интервенции. На спротивната страна, пак, одличен беше и Тибо Куртоа.