Фудбалерите на Атлетик Билбао едвај го елиминираа Тенерифе на гости со 3-3 (5-7), по подобро изведување на удари од белата точка. Во еден од најдраматичните дуели во досегашниот дел од Купот, Баскијците речиси 90 минути беа со човек помалку, но на крај се радуваа на пласман во четвртфиналето. Ова е втора последователна средба во Купот, што Атлетик Билбао ја добива на пенали, откако минатата недела го победија и Елче.