Првакот на Шпанија, Реал Мадрид ја запиша и втората победа во новиот шампионат. „Кралевите“ славеа на второ гостување по ред, откако во Галиција ја победија екипата на Селта со 1-4 (1-2). По поинаков рецепт во споредба од пред една недела во Алмерија, момците на Анчелоти го најдоа начинот до трите бода.