Реми на гостувањето кај полуфиналистот на Лигата на шампионите секако дека не е неуспех, но Севиља предолго нема позитивен резултат во сите натпреварувања и сигурно ќе се зборува за смена на Лопетеги и за време на репрезентативната пауза. На гостувањето кај Виљареал, во рамките од седмото коло, Севиља извлече 1-1 (0-1), во динамичен дуел, посебно во првиот дел.