Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски, продолжува со одличните настапи во Примера и изминатиов викенд повторно беше еден од најзаслужните фудбалери во новата победа на неговиот тим Рајо Ваљекано.
Столе Димитриевски во последните неколку натпревари брани во извонредна форма за Рајо Ваљекано и еден e од најзаслужните што малиот мадридски тим успеа да триумфира над Леванте.
Фудбалерите на Рајо Ваљекано, во последниот натпревар од 18. коло во Примера, во Ваљекас, по густа магла го совладаа тимот на Леванте со 2-1 (1-0) и ја запишаа третата победа оваа сезона.
Реал Мадрид запиша значајна победа во градското дерби на Примера против Рајо Ваљекано (1-0), но по мечот на „Сантијаго Бернабеу“ тренерот Сантијаго Солари доби лоши вести за состојбата на своите првотимци Карим Бензема и Марко Асенсио.
Столе Димитриевски веќе подолго време ужива во првотимскиот статус во својот нов клуб Рајо Ваљекано и од натпревар во натпревар покажува дека брани во врвна форма.
Во рамките на 16. коло во Примера, фудбалерите на Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ го совладаа градскиот ривал, Рајо Ваљекано со 1-0 (1-0). Со денешните три бода тимот на Реал Мадрид се доближи на само два бода до лидерот Барселона.
Со победата над Рајо Ваљекано (2-0), екипата на Бетис направи скок од дури шест места на табелата во Примера и продолжи да импресионира под водство на Кике Сетиен. Нашиот репрезентативец Столе Димитриевски цел натпревар одолеваше на нападите на „зелено-белите“, но не можеше ништо да стори при две ситуации во кои капитулираше.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски имаше извонреден викенд на голот на Рајо Ваљекано, а покрај тоа што беше избран во најдобриот тим на колото, нашиот репрезентативен голман си обезбеди место меѓу најдобрите пет одбрани на колото.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, конечно може да ужива во првотимскиот статус во својот нов клуб Рајо Ваљекано и за краток период стана една од клучните алки на тимот.
Во првиот натпревар од 14. коло на шпанска Примера, фудбалерите на Рајо Ваљекано на домашен терен освоиja големи три бода против Еибар, откако славеа со 1-0 (0-0). Денешната победа е прва за тимот на Рајо Ваљекано по 14 септември и триумфот против Леганес од 0-1 на гостински терен.
По серијата на нерешени резулати, екипата на Валенсија им се врати на победите во Примера. „Лилјаците“ пред своите гледачи го совладаа Рајо Ваљекано со 3-0 (1-0) и во добра клима патуваат во Торино на натпреварот од петтото коло од Лигата на шампионите против водечката екипа во групата, Јувентус.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски конечно дебитираше во дресот на Рајо Ваљекано и во Примера, откако на денешниот натпревар против тимот на Виљареал, кој на крајот заврши без победник 2-2 (1-1) доби доверба од тренерот Мичел.
Фудбалерите на Рајо Ваљекано во последниот денешен натпревар од 12. коло во Примера, на својот „Ваљекас“ беа пред големо изненадување и имаа предност до пред самиот крај, а тогаш Барселона со головите на Дембеле и Суарез стигна до пресврт и победа од 2-3 (1-1).
Вчера пристигна охрабрувачка вест за фановите на Барселона, откако на тренинзите на тимот им се врати првата ѕвезда Лионел Меси. Аргентинскиот ас пред 12 дена се здоби со скршеница на раката на мечот со Севиља, по која мораше да мирува извесен период и да го пропушти големото дерби со Реал Мадрид.
Македонскиот репрезентативен чувар, Столе Димитриевски, го имаше своето официјално деби за тимот на Рајо Ваљекано, во рамките на Кралскиот Куп, каде неговиот тим на гости ремизираше со резултат 2-2 против тимот на Леганес.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски се уште чека на официјалното деби во дресот на Рајо Ваљекано. Шести меч по ред остана на клупата за резерви, а неговиот тим не успеа да победи против Еспањол (2-2).
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на крајот од летниот преоден рок направи трансфер од Гранада во Рајо Ваљекано, но се уште чека на официјално деби во Примера.
Дури шест гола падна во првиот саботен натпревар од 5. коло на Примера. Алавес ја продолжи одличната серија во Примера и ја запиша третата победа во низа на гостувањето кај Рајо Ваљекано (1-5). Нашиот Столе Димитриевски не доби шанса и ќе почека за своето деби з мадридскиот тим.
По завршувањето на репрезентативните обврски, првиот чувар на македонската мрежа, Столе Димитриевски и официјално беше претставен во новиот клуб, Рајо Ваљекано.