Фудбалерите на Реал Мадрид имаат сезона за заборав, а по синоќешниот пораз од Рајо Ваљекано со 0-1 испишаа нов негативен рекорд. Иако се очекуваше со доаѓањето на Зинедин Зидан, барем да се намали разликата во однос на Барселона и да се освои второто место, ниту Французинот не успеа да направи серија од позитивни резултати.