Популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“ објави дека Барселона размислува да испрати понуда за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски котира одлично во тековната сезона од Примера. Со последната победа над Алавес, тимот на македонскиот репрезентативец скокна на четвртата позиција на табелата.
Екипата на Рајо Ваљекано експресно им се врати на победите во Примера, откако по поразот од Виљареал во претходното коло денес одигра квалитетен натпревар против Алавес и пред својата публика славеше со сигурни 2-0. Нашиот репрезентативец Стоје Димитриевски одново имаше забележителен настап и со неколку интервенции успеа да ја сочува својата мрежа незатресена.
Фудбалерите на Реал Мадрид го добија можеби најпосакуваниот противник во третото коло од шпанскиот Куп на Кралот. Денешната ждрепка донесе нов дуел на „кралевите“ во тимот на Алкојано, третолигаш кој минатата сезона приреди огромна сензација токму во оваа фаза и со победата од 2-1 го елиминира гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.
Виљареал ја прекина серијата без победа во Примера и во рамките на 17. коло го надигра Рајо Ваљекано на домашен терен (2-0). Столе Димитриевски не можеше ништо да направи на оваа средба, на која одново доби предност од првата минута.
Рајо Ваљекано ја зголеми предноста во однос на Барселона и се зацврсти на шестата позиција со денешното слаје над Еспањол (1-0) во рамките од 16. коло од Примера.
Екипата на Рајо Ваљекано чиј член е македонскиот голман Столе Димитриевски едвај ја мина првата пречка во Купот на Шпанија, откако по изведување на пенали славеше над петтолигашот Гихуело (1-1 регуларен дел, 3-4 пенали).
Рајо Ваљекано игра фантастична сезона во Примера, а голем удел во тоа има македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој брани во врвна форма и во повеќе наврати во спаси својот тим.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше нов феноменален натпревар за неговиот Рајо Ваљекано, во ремито на гости кај Валенсија (1-1) во рамки на 15. коло од Примера.
Македонскиот голман Столе Димитриевски за малку не сочува нова „чиста мрежа“ во Примера. Рајо Ваљекано на домашен терен дојде до победа против Мајорка (3-1), но прими гол во самиот финиш.
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид продолжува со одличните партии и резултати во Примера и по победите над Барселона и Елче во претходните две кола, вечерва немаше многу проблеми против незгодниот Рајо Ваљекано и извојува минимален триумф од 2-1.
Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше одлична партија во дресот на Рајо Ваљекано, но неговиот тим одигра реми (0-0) на домашен терен против Селта и ја прекина серијата на победи.
Столе Димитриевски, репрезентативниот голман на Македонија, спаси победа за Рајо Ваљекано, откако му одбрани пенал на Мемфис Депај на последниот дуел против Барселона.
Столе Димитриевски беше најдобар играч на Рајо Ваљекано во победата над Барселона (1-0) во рамки на шпанска Примера. Повратникот во елитата ја продолжи перфекцијата затоа што македонскиот голман му фати пенал на Мемфис Депај, а единствен реализатор беше Фалкао.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше одлична вечер во Шпанија, во победата на неговиот Рајо Ваљекано над големиот фаворит Барселона (1-0).
Фудбалерите на Рајо Ваљекано загубија на гостувањето на „Бенито Виљамарин“ од Бетис со 3-2 (2-1) во дуел од десеттото коло на шпанската Примера. Домашните играчи поведоа со 2-0, а гостите се вратија до егал, но сепак на крајот трите бода останаа во Севиља.
Македонскиот голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано продолжуваат со добрите игри во шпанска Примера. На домашен терен Рајо беше подобар од Елче (2-1) и доби место меѓу најдобрите екипи во елитата.
Екипата на Рајо Ваљекано загубија на гостувањето кај Осасуна (1-0), во рамките на осмото коло во шпанската Примера. Во крајно изедначен дуел, со по неколку шанси на двете страни решавачки беше голот на Мануел Санчез.