Реал Сосиедад забележа нова победа во Примера, откако по пресврт го победи Рајо Валјекано на Столе Димитриевски со 2-1. Со вечерашните три бода, како и по поразот на Бетис од Осасуна тимот од Сан Себастијан се зацврсти на четвртото место на табелата, последно кое што води во Лигата на шампионите.