Барселона и ова лето има проблеми со регистрација на милионските засилувања. Примера засега не дозволува настап на Кеси, Кристенсен, Рафиња, Левандовски и Кунде. Каталонците се обидуваат да ги намалат трошоците. Продажба на Френки де Јонг ќе реши дел од проблемите, но холандскиот играч за врска не сака да слушне за тоа.