Со двата гола на Џерард Морено, Виљареал го совлада Бетис на „Бенито Виљамарин“ во Севиља со 0-2 (0-1) и ја продолжи својата беспрекорна серија по рестартот на Примера. Заедно со Севиља, Реал, Атлетико и Барса, „жолтата подморница“ нема пораз откако се врати фудбалот во Шпанија и со серија на победи се доближи до Атлетико, Севиља и Хетафе во битката за место во Лигата на шампионите.