Екипата на Бетис ја запре добрата серија на Елче и на домашен терен славеше со 3-1 (2-0), во пресметката од осмото коло на шпанската Примера. Дуелот одигран на „Бенито Виљамарин“ мина целосно во знакот на домаќинот, кој апсолутно доминираше во сите сегменти, а херој беше поранешната млада надеж на Барселона, Кристијан Тељо.