Ако имате познавање на шпанската историја и политичката ситуација во најголемата земја на Пиринејскиот Полуостров, јасно ви е дека е потребна голема храброст да го вметнете префиксот „кралски“ во името на фудбалскиот клуб од Каталонија. Тоа го направија основачите на Еспањол кон крајот на 1900 година, помалку од една година од формирањето на Барселона, која беше и остана симбол на каталонскиот стремеж за независност, па „сино-белите“ од југозападниот дел на најголемиот град на таа провинција создаде силна врска со Реал Мадрид, која продолжува и денес.