Попладнево се одиграа нови три натпревари од 26. коло во Серија А, а во најинтересниот за нас, екипата на Џенова на домашен терен го пречека тимот на Фросиноне и на крајот ремизираше со почетните 0-0. Денешниот натпревар ќе остане и во посебно сеќавање на репрезентативниот капитен, Горан Пандев, кој го запиша својот четиристоти меч во Серија А.