Фудбалерите на Сасуоло по поразот од Интер (0-3) и ремито без голови со Рома, им се врати на победничките патеки во Серија А, откако на отворањето на 11. коло на италијанскиот шампионат со минимални 1-0 славеше над Беневенто. Со оваа победа барем до комплетирањето на колото Сасуоло ќе преседи на втората позиција на табелата со 22 бода, еден повеќе од Интер, а два од Наполи и Јуве кои имаат и натпревар помалку.