По елиминациите на Силекс и Струга Трим Љум, фудбалскиот клуб Шкупи е единствениот македонски претставник кој го преживеа првото коло од квалификациите за Конференциската лига и заедно со Шкендија, која по двата порази од Мура заврши со Лигата на шампионите, ги продолжуваат настапите во новото натпреварување на УЕФА. На вечерашниот реванш во Косово против Лапи, Шкупи не дозволи изненадување (1-1) и благодарение на домашните 2-0, патува во второто квалификациско коло, во кое го чека тежок двомеч со Санта Клара од Португалија. Македонскиот шампион, Шкендија, во оваа фаза ќе се судри со тимот на Рига.