Беневенто и Лацио ги поделија бодовите и одиграа реми од 1-1 на „Чиро Вигорито“, во рамките на вонредното 12. коло од италијанската Серија А. Пресметката на браќата Симоне и Пипо Инзаги, кои седат на спротивните клупи, заврши без победник и понуди два голови во првиот дел, а реализацијата затаи во продолжението.