Фудбалерите на Милан запишаа рутинска победа пред полните трибини на „Сан Сиро“ против новајлијата во Серија А, Монца, со 4-1 (2-0). Пресметката од 11. коло на калчото понуди атрактивен фудбал, пет погодоци и добро фудбалско попладне во „градот на модата“. Иако тренерот Стефано Пиоли се реши да ротира, резервистите добро одговорија на задачата.