Периодот по пандемијата со коронавирусот е она што ги загрижува фудбалските клубови, особено оние од најпогодените држави, како и оние од понизок ранг, каде приходите и не се така високи. Финансиските проблеми се очекуваат, а истите ќе се анулираат со кратење на платите на фудбалерите. Тоа е една од мерките која повеќето екипи ширум Европа започнаа да ја користат.