Наполи

Primary tabs

  • Игуаин му се одмазди на Лацио за промашениот пенал

    Неверојатна сезона игра Гонзало Игуаин во дресот на Наполи. „Ел Пипита“ е најдобро оценет фудбалер во лигата, а уште еднаш тоа го покажа на мечот во Рим. Се сеќавате на промашениот пенал против Лацио во мај кога Наполи остана без Лигата на шампионите? Сега Игуаин врати мило за драго со убав гол за 0-1, а неговиот бивш соиграч од Реал Мадрид, Каљехон погоди за брзи 0-2 за лидерот во вечниот град.

  • Ако сте од Неапол, не можете до „Јувентус арена“, ако сте од секое друго место повелете!

    Италијанската федерација ќе му забрани на навивачите на Наполи да присуствуваат на дербито против Јувентус во Торино на 13 февруари. Забраната ќе се однесува само на навивачите кои живеат во Неапол.

  • Наполи со „петарда“ се врати на врвот, Болоња подобра во голеадата од Сампдорија

    Во попладневните натпревари од 22. коло на Серија А, фудбалерите на Наполи го совладаа тимот на Емполи со 5-1 (2-1). По денешната убедлива победа фудбалерите на Наполи повторно се вратија на првото место во Серија А.

  • Игуаин превентивно заменет, ќе игра овој викенд со Емполи

    Гонзало Игуаин на вчерашната контрола против нисколигашот Сан Вито се повреди уште во раната фаза и беше заменет во 5. минута.   Аргентинецот се држеше за глуждот, по судир со противнички фудбалер, па тренерот Маурицио Сари, веднаш го замени со Маноло Габиадини. Според локалните медиуми, повредата на Игуаин не е сериозна и тој бил превентивно повлечен од игра. Се очекува напаѓачот да биде стартер за викенд средбата со Емполи.   Поранешниот стрелец на Ривер Плата и Реал Мадрид е во одлична форма од почетокот на сезоната и затоа е лидер на листата на стрелците во Серија А со 21 гол во 21 натпревар.  

  • Наполи се „прошета“ низ Џенова, Интер изненаден од Карпи

    Во најефикасниот натпревар од попладнавната програма на Серија А, тимот на Наполи ја совлада Сампдорија со убедливи 4-2 (2-1), со што не му овозможи на тимот од „Луиџи Ферарис“ да извојува победа ни по десет одиграни дуели. 

  • Сари помина со два меча суспензија за навредите кон Манчини

    Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, е казнет со суспензија од два натпревари и дополнителни 20.000 евра поради своето недолично однесување на мечот со Интер во Купот на Италија. Тренерот на Наполи беше обвинет од Роберто Манчини, дека го навредил со погрдни и тешки хомофобични зборови, по што се најавуваше и повеќемесечна суспензија за Сари.

  • Манчини: Сари ме нарече геј!

    Малку фалеше на синоќешниот натпревар од четвртфиналето на Купот на Италија, помеѓу Наполи и Интер, кој заврши со победа на гостинските фудбалери, да дојде до физичка пресметка помеѓу двата тренери. Инцидентот се случи во судиското продолжение, кога Манчини и Сари меѓусебно си дофрлуваа, а Манчини тврди дека Сари го навредил со погрдни зборови.

  • Јоветиќ и Љајиќ го одведоа Интер во полуфинале на Купот

    По пауза од четири години конечно Интер го совлада тимот на Наполи. Вечерва, во претпоследниот дуел од четвртфиналето од италијанскиот куп, тимот на Манчини на гости беше поуспешен од Наполи славејќи со 2-0 (0-0). 

  • Наполи бара 94 милиони евра за слободата на Игуаин

    Поради сè подобрите изданија на фудбалерите на Наполи оваа сезона, сè поголем број клубови покажуваат интерес за асовите на клубот од Јужна Италија.

  • Потврдено: Зунига на позајмица во Болоња

    Колумбиецот Хуан Зунига до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на Болоња како позајмен играч.

  • Игуаин и Наполи цврсто стојат на врвот

    Наполи се зацрсти на врвот по првото пролетно коло во италијанската Серија А. По поразот во првото коло во Реџо Емилија од Сасуоло, Наполи успеа да го возврати ударот и да го совлада Сасуоло на тренерот Ди Франческо со 3-1 (2-1). 

  • Наполи го искористи киксот на Интер и е нов лидер на Серија А

    Екипата на Наполи славеше на гостувањето кај Фросиноне со 1-5 (0-2) во меч од 19. коло на Серија А. Со оваа победа, екипата на Маурицио Сари се искачи на врвот, користејќи го нерешениот резултат на Интер.

  • Работнички најдобар македонски клуб во Европа, Барса пак прва

    На рејтинг листата која утрово ја објави ИФФХС, нашиот Куп победник, Работнички е убедливо наш најдобар клуб за 2015 година.

  • Инсиње блесна за тесна победа на Наполи против Торино

    Наполи jа оправда фаворитската улога и го совлада Торино со 2-1 (2-1) во последниот натпревар од 18. коло на Серија А. Главен инспиратор на победата на момците на Маурицио Сари беше младиот Лоренцо Инсиње, кој постигна еврогол со кој го отвори резултатот во 16. минута. Гостите од Торино израмнија преку Фабио Кваљарела, кој од пенал во 33. минута израмни на 1-1. Кваљарела е роден наполитанец и голем дел од кариерата мина во младинскоте категории на Наполи.

  • Гранит Џака ќе биде зимската трансфер „бомба“ на Де Лаурентис?

    Наполи е заинтересиран за фудбалерот за врска на Борусија Менхенгладбах, швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака. Аурелио Де Лаурентис изјави дека е подготвен да доведе две нови имиња во зимскиот трансфер период, а Швајцарецот со албански корени е првата опција за фудбалер за врска.    Во наредните денови се очекува клубот од Јужна Италија и Борусија Менхенгладбах да ги започнат преговорите за ангажман на фудбалерот.   Наполи подготви 15 милиони евра, кои ќе ги искористи за прва понуда до германскиот клуб. Сепак Борусија го проценува фудбалерот за врска на преку 20 милиони евра. 

  • Хамшик: Скудетото и Лига Европа се моите желби за 2016 година

    Марек Хамшик сака во 2016 година да ја освои титулата во Серија А со екипата на Наполи, а не го заборава и трофејот во Лига Европа. Капитенот на Наполи и на репрезентацијата на Словачка се надева и на достоинствено Европското првенство во јуни следната година.   Хамшик и неговите репрезентативни колеги ќе ги одмерат силите со Англија, Русија и Велс во групната фаза.

  • Жоржињо доби нов и финансиски подобар договор во Наполи

    Бразилецот Жоржињо потпиша нов договор со Наполи, кој ќе го задржи на „Сан Паоло" до 2020 година. Фудбалерот за врска пристигна во Наполи од Верона во 2014 година во зимскиот преоден рок за 9,5 милиони евра.

  • Баерн го „мерка“ Игуаин како замена за Левандовски

    Баварскиот тим е свесен за големината на Роберт Левандовски и знае дека ова лето ќе пристигнат мега понуди за полскиот напаѓач. Реал Мадрид е тимот кој покажа најмногу интерес за деветката на Баерн, а кога Флорентино ќе ги впери очите во некој играч, знаеме како завршува таа приказна.

  • Резервите на Наполи пресилни за Верона

    Наполи кој добро игра во шампионатот на Италија и во Лига Европа, многу лесно го обезбеди четвртфиналето на Купот на Италија. На полупразниот „Сан Паоло“ во јужна Италија, екипата на Маурицио Сари ја совлада Верона со 3-0 (2-0). По само 12. минути веќе беше 2-0 со головите на Ел Кадури во 3. и Дрис Мертенс во 12. минута. 

  • Хулиганска војна низ улиците на Неапол

    Вистинска улична војна помеѓу италијанските и полските хилигани се случуваше во Наполи пред натпреварот од 6. коло во Д групата од Лига Европа, во кој се сретнаа екипите на Наполи и Легија.

Pages