Џенаро Гатузо, тренерот на Наполи, очекува неговиот тим да реагира подобро во ситуации кога е под притисок и има резултатско заостанување. Гигантот од Неапол во последниот период игра променливо во Серија А, но се чини дека победата над Удинезе во самиот финиш (2-1), може да биде пресвртница во редовите на поранешниот италијански шампион.