Не престануваат комплиментите, честитките и епитетите на адреса на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев. Ги освои сите можни трофеи на клупски план со Лацио, Интер, Наполи и Галатасарај, а со настапот на Македонија на Европското првенство идното лето ќе го исполни својот најголем сон во кариерата.