Рома се бори за врвот на табелата, додека Сампдорија е во долната половина. Заклучокот е едноставен: „Волчицата“ е апсолутен фаворит во оваа борба. Секако, свесни сме дека домашната екипа нè „продаде“ неколку пати, меѓутоа тоа воглавно се случуваше надвор од „Олимпико“. На домашен терен, Рома одигра само две нерешени средби во тековниот шампионат - против Јувентус се избори за 2-2, а натпреварот со Сасуоло заврши без голови. Ќе се согласите со нас дека ниту еден од овие резултати не може да се смета за неуспешен затоа што се работи за незгодни екипи, особено кога станува збор за дербито со „старата дама“.