Кога пред три недели загубија од Интер на „Сан Сиро“, стручњаците предвидуваа пад на лидерот и есенски првак во Серија А, Наполи на Лучијано Спалети. Сепак, од тој момент на секој сомнеж екипата од јужна Италија одговараше со добри настапи и победи. Лидерот во шампионатот на Италија забележа победа на теренот на Салернитана со 0-2 (0-1), во вториот натпревар од 19. коло. Оваа победа е одговор на фудбалерите на Наполи на елиминацијата од Купот на Италија од Кремонезе во вторникот.