21. коло на Серија Б започна неславно, откако мечот меѓу Лече и Асколи само што започна, беше прекинат, а причината е драмата која се случи уште на самиот старт, при што фудбалерите на двете екипи побараа мечот да не се доигра.
По само пет секунди игра домашниот фудбалер Мануел Скавоне по еден воздушен дуел падна како покосен на тревникот и остана без свест, при што предизвика голема паника кај актерите на мечот.