Екипата на Лацио со победа ја затвори сезоната во Серија А. „Небесно-сините“, откако ја загубија трката со Наполи за шампионскиот трофеј, се насочија кон второто место и успеаја во таа намера. Со вечерашната победа на гости кај Емполи (0-2), гигантот од Рим е вицешампион на Италија, со два победа повеќе од големиот ривал Интер. Покрај овие две екипи и шампионот Наполи, во следната сезона во Лигата на шампионите ќе учествува уште и четвртопласираниот Милан.