Вчера попладне натпревар од 30. коло во Серија Б одиграа екипите на Комо и Парма, а домашните победија со 2-0. Комо беше благ фаворит на домашен терен и успеа да забележи многу важна победа против Парма. Голот за водство го постигна Цери. Во вториот дел погоди и Аригони во 53. минута од натпреварот и бодовите останаа во Ломбардија.