Фудбалерите на Милан ја запишаа третата победа на стартот на новата калчо-сезона, добивајќи го дербито со Рома со 1-2 (0-1). Пресметката на „Олимпико“ во Рим беше целосно едносмерна во првиот час игра, „росонерите“ имаа двојна предност, а потоа Фикајо Томори беше исклучен и работите на теренот се сменија. „Волчицата“ доби елан, почна да притиска, ама единствениот погодок го постигна релативно доцна и претрпе втор пораз во Серија А.