Верона

  • Крампоните на Вшолек го уништија лицето на Матија Де Шиљо

    Младиот фудбалер на Милан и на италијанската репрезентација, Матија Де Шиљо нема по добро да го памети гостувањето на „Бентегоди“ во Верона. На мечот од 35. коло во Серија А, десниот бек на Милан настрада при дуел со Павел Вшолек, чии што крампони завршија во неговото лице и му оставија грозна трага.

  • Она што е ЛЕСТЕР во Премиер лигата оваа сезона, ВЕРОНА беше во далечната 1984 година

    Она што Клаудио Раниери го прави со екипата на Лестер сити е хит на сезоната во Англија, а и изненадување за кое зборува целиот свет. Гери Линекер изјави за англиските медиуми дека никогаш во светот на фудбалот на се случило вакво изненадување. Но, ова не е првпат вакво чудо да се случи во една од најсилните фудбалски лиги. Италијанецот, Освалдо Бањоли, слична сезона имаше во далечната 1984/85 сезона, кога со екипата на Верона ја освои Серија А.

  • Наполи ја победи Верона и остана во трката за титулата

    Екипата на Наполи убедливо славеше на домашен терен против Верона (3-0), намалувајќи ја разликата на лидерот на табелата, Јувентус на шест бода. Габиjадини и Инсиње погодија за 2-0 за убедлива предност и навестување на нови три бода по само едно полувреме. Работата им ја олесни Супраен, кој го заврши натпреварот заработувајќи црвен картон во продолжението од првото полувреме. Конечниот реултат го постави Каљехон во 70. минута. 

  • Верона ја совлада Болоња и продолжи да сонува опстанок во Серија А

    Во натпревар од 31. коло на Серија A, фудбалерите на Верона успеаа да слават голема победа на гостински терен против Болоња со 0-1 (0-1) и да продолжат да се борат за опстанок во лигата. За фудбалерите на Болоња продолжува серијата без победа, која веќе стигна до шест натпревари.

  • Верона води во Болоња и брка чудо за опстанок

    Со голот на Самир во финишот од првото полувреме, Верона на Луиџи Дел Нери поведе на гостувањето кај Болоња на „Ренато Дел Ара“ со 0-1 во последниот меч од 31. коло на Серија .

  • Сампдорија реагираше на критиките и ја „потона“ Верона кон Серија Б

    Верона на Луиџи Дел Нери најверојатно од следната сезона ќе играат во Серија Б. Голем удар за „љубовџиите“ од Верона беше денешниот пораз на домашен терен од Сампдорија со 0-3 во вториот меч од 28. коло на најсилното италијанско првенство.

  • Градското дерби во Верона за „љубовџиите“

    Фудбалерите на Верона остварија значајна победа во градското дерби од 26. коло на Серија А против Киево со 3-1 (1-0). Под водство на Луиџи Дел Нери тие играат многу подобро и се се поблиску до местата кои наредната сезона ќе обезбедат опстанок во Серија А.

  • Лацио со „петарда“ против „фенерџијата“ ја прекина кризата

    Во првит натпревар од 25. коло на Серија А, фудбалерите на Лацио славеа убедлива победа над последната екипа на табелата, Верона со 5-2 (1-0). Со денешната победа Лацио ја прекина серија од три натпревари без победа, а Верона го запиша првиот пораз по пет меча.

  • Интер се спаси од сигурен пораз против Верона

    И по 13. одиграни натпревари, тимот на Верона не успева да извојува победа против Интер. И покрај тоа што домашната екипа имаше водство од два гола, сепак Интер обезбеди нерешен резултат од 3-3, во првиот денешен дуел од 23. коло на италијанската Серија А.

  • Јувентус продолжува со победничката серија, Милан изненаден од Болоња

    Фудбалерите на Јувентус на домашен терен ја совладаа последнопласираната Верона со 3-0 (2-0), во рамките на 15. коло од Серија А. За избраниците на Масимо Алегри, денешната победа беше осма. по ред во италијанскиот шампионат. Домаќините поведоа уште во 8. минута со голот на Аргентинецот Дибала. На самиот крај од првиот дел преку Бонучи зголемија на 2-0 за комотна предност во вториот дел. Во продолжението фудбалерите на „старата дама“ рутински го одведоа натпреварот кон крајот, недозволувајќи им на гостите од Верона никаква шанса за погодок. Симоне Заза во 82. минута ги постави конечните 3-0.

  • Верона се засили со Урби Емануелсон

    Холандскиот играч од средината на теренот, Урби Емануелсон и официјално е нов член на Верона, потврдија на официјалната веб страница на италијанскиот клуб. Во тимот на Верона тој доаѓа како слободен фудбалер. Во претходна сезона исто така настапуваше во Италија, бранејќи ги боите на Аталанта со која спогодбено го раскина договорот.

  • Резервите на Наполи пресилни за Верона

    Наполи кој добро игра во шампионатот на Италија и во Лига Европа, многу лесно го обезбеди четвртфиналето на Купот на Италија. На полупразниот „Сан Паоло“ во јужна Италија, екипата на Маурицио Сари ја совлада Верона со 3-0 (2-0). По само 12. минути веќе беше 2-0 со головите на Ел Кадури во 3. и Дрис Мертенс во 12. минута. 

  • Заврши „постот“ на Бака, но не и грижите на Милан

    Од 1. ноември, Колумбиецот, Карлос Бака беше без постигнат гол во Серија А. Откако учествуваше во победата во Рим против Лацио, со првиот од трите гола, се до попладнево беше во голгетерска криза. Сепак во 51. минута од мечот со Верона, на асистенција на Луис Адријано, ја погоди целта, постигнувајќи го седмиот гол во сезоната. Така „росонерите“ го скршија отпорот на Верона. Но, само неколку минути подоцна, заради груб прекршок на последен човек, Најџел Де Јонг беше исклучен, а Лука Тони го совлада Донарума за 1-1. Интересно е што меѓу стрелецот и голманот, разликата во години е неверојатни 22.

  • Калчо легендата најави пензионирање

    Денес пред италијанските медиуми, Лука Тони најави крај на својата фудбалска кариера. Поранешниот репрезентативец и сегашен член на Верона во Серија А, на крајот од сезоната ќе ги закачи своите копачки на клин.

Pages