Фудбалерите на шампионот од пред две сезони, Интер, лути по неочекуваното реми во претходното коло со Монца, запишаа важна домашна победа против Верона со 1-0 (1-0). Уште од самиот старт на натпреварот ѝ ставија до знаење на Верона дека бодовите ќе останат во Милано. По само три минути игра Лаутаро Мартинез, кој имаше не така убедлив Мундијал, ја продолжи гол-серијата во новата година и со прецизен удар од околу единаесет метри донесе радост на трибините и водство за Интер. Претходно, аргентинскиот напаѓач погоди на споменатиот натпревар со Монца, како и на Куп-средбата со Парма.