Наполи во „Дербито на сонцето“ го кажа, се чини, својот последен збор, па на пет рунди до крајот миланските ривали меѓу себе ќе одлучуваат кој ќе биде првак на Италија. Интер ја преброди кризата и од триумфот против Јувентус повторно е оној стариот. Го покажа тоа во средината на седмицата во реваншот од Купот со Милан (3-0) со што ја прекина серијата на градскиот ривал и му ја разниша самодовербата пред одлучувачката борба.