Фудбалерите на Наполи рутински ја прескокнаа првата пречка од овосезонскиот Куп на Италија, откако во рамки од осминафиналето со 2-0 (2-0) славеа над второлигашот Перуџа, во натпревар во кој беа досудени дури три пенали во првите 45 минути.
Екипата на Перуџа приреди изненадување во Купот на Италија и како гостин победи кај калчолигашот Сасуоло (1-2), триумф кој донесе пласман во наредната фаза.
Екипата на Палермо доби добри вести, затоа што капитенот на тимот Илија Несторовски пак е во стројот, тренира и ќе конкурира за настап на натпреварот против Перуџа во рамки на Серија Б.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Жервињо постигна ретко виден гол во денешната победа на Парма над Каљари со 2-0. Африканецот претрча цел терен на „Енио Тардини“ и ја погоди мрежата на гостите.
Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски имаа одличен ден во дресот на Палермо и го водеа својот тим до убедлив триумф над Перуџа на домашен терен (4-1).
Конечно заврши постот на Илија Несторовски во новата сезона на Серија Б, откако нашиот репрезентативец напаѓач погоди за својот Палермо на денешниот дуел со Перуџа.
Италијанските медиуми тврдат дека поранешниот член на Милан, Алесандро Неста ќе биде нов тренер на Перуџа. Дефанзивецот на клупата на Перуџа треба да го замени Роберто Бреда, кој доби прекин на договорот пред неколку дена.
Екипата на Палермо вчера го запиша својот трет пораз во низа, откако со 1-0 загуби на гостувањето во Перуџа, но она што привлече најмногу внимание беше изоставувањето од првиот состав на капитенот, Илија Несторовски.
Вистински спектакл приредија екипите на Удинезе и Перуџа во меч кој домашниот тим го доби со 8-3 и обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Копа Италија.
Илија Несторовски повторно е во голгетерски ритам. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на единствениот гол на натпреварот Палермо - Перуџа во рамките на вонредното 5. коло од Серија Б. Цели 81. минута екипата од Сицилија се мачеше и промашуваше против засилената Перуџа, за во финишот од пенал прилепчанецот да погоди за важни три бода. Белуши заработи црвен картон во домашниот табор во самата завршница.
Екипи од италијанската Серија А неколку пати гостувале во нашата земја и секогаш привлекувале големо внимание и интерес. Во 25 години европски купови за македонските клубови сепак никогаш во нашата земја не гостувал тим кој е седумкратен европски првак и кој зад себе има такви успеси и ѕвезди како Милан.
Екипи од италијанската Серија А неколку пати гостувале во нашата земја и секогаш привлекувале големо внимание и интерес. Во 25 години европски купови за македонските клубови сепак никогаш во нашата земја не гостувал тим кој е седумкратен европски првак и кој зад себе има такви успеси и ѕвезди како Милан.
Фудбалерите на Џенова го совладаа тимот на Перуџа со 4-3 дури по продолженија и обезбедија пласман во осминафиналето на Купот на Италија. Еден од најзаслужните за тој успех беше нашиот Пандев, кој натпреварот го заврши со два гола и поради тоа доби и пофалби од тренерот Јуриќ.
Горан Пандев беше херојот на Џенова во победата по продолженија против Перуџа за пласман во осминафиналето во Купот на Италија. Македонскиот репрезентативец погоди двапати во победата од 4-3 на домашниот „Луиџи Ферарис“.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна својот втор гол на еден официјален натпревар сезонава, откако го зголеми водството на Џенова од 2-0 во дуелот против Перуџа во шеснаесеттина финалето од Купот на Италија. Нашиот голгетер во 37. минута од мечот од самиот раб од шенаесетникот прими една топка и од прва маестрално биеше за предност на својот клуб од 2-0.