Дваесет години по меѓусебната пресметка во полуфиналето на Лигата на шампионите, првото европско во историското ривалство, великаните Милан и Интер се пак едни против други во иста фаза од ова натпреварување. Ако пред две децении беа суперсили во европскиот фудбал и беа легитимни кандидати за европската титула, сега во полуфиналето се аутсајдери за тронот, бидејќи другиот пар меѓу Реал и Сити го гледаат како финале пред финалето.