Фудбалерите на Милан минатата сезона дојдоа до голем успех освојувајќи ја титулата во Серија А, а имаа многу осцилации во тековната, иако стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите и го гледаат светлото на крајот на тунелот. Сепак, по многу лошата и слаба партија го загубија првиот дуел од градскиот ривал (0-2) и сега ги чека тешка задача во реваншот пред навивачите на Интер (вторник, 21:00)