Поранешниот легендарен бразилски напаѓач Адриано, силно верува во успех на неговиот поранешен тим, Интер, во финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Извонредниот напаѓач, кој имаше многу проблеми во текот на кариерата, смета дека „нероаѕурите“ имаат доволно квалитет за да го освојат престижниот трофеј.