Фудбалерите на Манчестер Сити на Пеп Гвардиола го исполнија сонот и станаа европски прваци! „Граѓаните“ во финалето на Лигата на шампионите, го совладаа Интер со 1-0 (0-0). Пресметката на „Кемал Ататурк“ во Истанбул ја одлучи голот на Родри во вториот дел, а „нераѕурите“ имаат за што да жалат, бидејќи имаа неколку колосални шанси. Сепак, сонот на Пеп се оствари, Сити го крена трофејот во елитното натпреварување, а ја обедини и „триплетата“.