Манчестер Сити ја освои тројната круна откако на веќе освоените титули во Премиер лигата и ФА Купот ја додаде титулата најдобар тим во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Пеп Гвардиола до големиот успех стигнаа поминувајќи ја групата во која беа со Борусија Дортмунд, Севиља и Копенхаген, а потоа и со победите во нокаут-фазата против РБ Лајпциг (вкупно 8-1), Баерн (4-1), Реал Мадрид (5-1) ). На крај во финалето совладан беше Интер со 1-0.