Фудбалерите на Интер продолжија да чекорат кон скудетото, откако победија на незгодното гостување кај Торино (1-2), во рамките на 27. коло од Серија А. Иако еден час мрежите на „Олимпико“ во Торино мируваа, Лукаку и Мартинез донесоа победа на Интер за продолжување кон целта.