Екипата на Удинезе забележа клучна победа во остварувањето на целта оваа сезона, а тоа е обезбедување на опстанок во италијанската фудбалска елита. „Црно-белите“ од Удине со големи 1-2 се враќаат од гостувањето кај Кротоне, а голема улога во оваа победа има нашиот репрезентативец Илија Несторовски, кој зад своето име забележа важна асистенција.