За навивачите на Фиорентина, Јувентус е смртен непријател, грабнувач на титулата од другите клубови и неговите најдобри играчи како Роберт Баџо уште во 1990 година или неодамна двајцата Федерико – Бернардески, односно Киеза. За навивачите на „старата дама“, „виолетовите“ се само еден од противниците кои мора да се совладаат на патот до скудетото, додека улогите на вистински ривали се наменети за соседот Торино, Интер и Милан, дури и римското дуо Рома и Лацио, а и Наполи, многу подобро котираат од Фиорентина.