На две кола пред крајот на Серија А, Милан има два бода повеќе од првиот следбеник, градскиот ривал Интер, но додека на „росонерите“ во последното коло ривал им е Сасуоло, кој секако ќе ја заврши сезоната на средина на табелата, овде ситуацијата е поинаква. Аталанта, која почна да наликува на себе, би можела да остане без Лигата на шампионите, што сигурно би донело потрес во клубот.